Арсовска: Советниците на ДПМНЕ ги интересираат само 500 евра паушалите од седница, тие се главниот виновник што градот е под блокада

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во денешното обраќање во Советот на Град Скопје потенцираше дека единствено нешто за кое се заинтересирани советниците од ВМРО-ДПМНЕ е паушалот од 500 евра. Таа посочи дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ наместо да ја оправдаат довербата на граѓаните и во Советот да гласаат за проектите и програмите во интерес на оние кои што ги гласале, тие ја злоупотребуваат говорницата за популизам.

„Градоначалникот се обидува да ги реализира оние работи кои што ги ветил пред граѓаните, за разлика од вас кои што ќе дојдете тука, ќе си ја искористите оваа говорница за популистички политички говори, ќе отидете во бифе, ќе отседите два-три часа, ќе си го земете паушалот од 500 евра и ќе заминете дома. Така да почитувани советници, ако сакате да зборувате за оставки, депонирајте си ги вашите слободно, затоа што вие сте тие што кочите цела година да нема нови автобуси за граѓаните, и кочите сѐ што е од интерес за граѓаните да се реализира она кое што вие сте им го ветиле на последните локални избори“, вели Арсовска.

За иронијата да биде уште поголема, советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои бараа поддршка од граѓаните со програмата на Арсовска, денес во Советот прават сѐ за истата да не се спроведе, велат од Град Скопје.

„Вие баравте поддршка за програмата кај граѓаните, вашиот претседател Мицкоски збореше по медиумите дека треба да се поддржи таа програма. Дури ве изнаслушавме и како кажувате дека сте ја правеле таа програма, ако сте ја правеле таа програма зошто не ја гласате? Ако се ваши проектите во програмата зошто не ги гласате“, додаде градоначалничката.

Одговорноста за проблемите со кои се соочува Град Скопје лежи единствено во Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ која е власт и го има мнозинството во Градот, а ги блокира сите програми и проекти од интерес на граѓаните, соопшти Град Скопје.

„Второто лицемерие е што Вие сте мнозинство во Советот и сѐ што не функционира во овој град е ваша одговорност, верувам дека сите го знаат тоа. Денеска не гласавте програма од областа на сообраќајот во Град Скопје, значи сѐ што е од областа на сообраќајот во Град Скопје е закочено, веќе дојде месец април. Денеска не гласавте програма за заштита на животната средина, после немој да излезете да говорите за заштита на животна средина затоа што вие блокирате и не гласате програма за животна средина. Не ги гласате активностите од областа на локалните економски развој, не ги гласате активностите за соработка со здруженија и фондации“, посочи Арсовска.

Најголемата иронија, истакна градоначалничката на Град Скопје, е фактот што истите програми кои денес советниците на ВМРО-ДПМНЕ не ги гласаат, ги гласале кога градоначалник бил Коце Трајановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но ги гласале и кога ВМРО-ДПМНЕ било опозиција, а градоначалник бил Петре Шилегов.

„Не знам како и под кои услови овие програми сега не ви се прифатливи, а ви биле прифатливи кога истите програми без никакви измени наназад веќе децении сте ги гласале. Кога бил вашиот градоначалник Коце Трајановски, потполно истата оваа програма тогаш чинела, сега не ви чини. Кога бил градоначалник Шилегов, ако сте биле опозиција, и тогаш ви чинела истата програма да ја гласате, а сега не ви чини. Како тоа истата програма со истите работи внатре, со истите точки кои треба да се имплементираат, тогаш сте си ја гласале без никаков проблем, а сега не“, додаде таа.

„На лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ му нема крај“, заклучи Арсовска бидејќи „не само што советниците не гласаат за програмите, туку пред граѓаните не образложуваат зошто го прават тоа“.

„И најголемото лицемерие е да не гласаш програма што е во интерес на граѓаните и да кажеш дека не е добра, а не кажуваш што е тоа што не чини. Знаете зошто? Бидејќи ако кажете што не чини, тоа значи дека дека не чинело ни кога бил Коце Трајановски градоначалник и кога бил Петре Шилегов градоначалник, затоа што се работи за истата програма“, заклучи градоначалничката на Град Скопје.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе