Астро љубов: Идеални партнери за родените во знакот на Девица

Почна хороскопското владеење на Девицата. Припадниците на овој знак се верни, трпеливи и сталожени партнери, па заслужуваат и таква сродна душа.

Нивниот идеален партнер би требало да има силно чувство за одговорност и да ги споделува истите семејни и животни вредности.

Девиците се приземјени и практични, па често знаат да изберат партнер кој е целосна спротивност на нив, но тоа само им носи главоболки.

Најчесто се „зацапуваат“ во емотивните Риби или огнените Лавови, но во овие врски секогаш заглавуваат во улогата на „сериозниот, строг родител“, а тоа не е секси.

Хороскопски гледано, ова се знаците со кои би биле во идеална и хармонична врска:

БИК

Биковите се приземјени луѓе на кои секогаш можете да се потпрете, баш како Девиците. Но, за разлика од Девиците, кои знаат да бидат премногу загрижени за сѐ, Биковите знаат кога треба да стават кочница на црните сценарија. Тоа значи дека би им биле огромна помош и поддршка на Девиците, а истовремено можат да ги сфатат низ што поминуваат.

РАК

Раковите може да ја извлечат меката, емотивна страна на Девицата, додека таа во врската придонесува со остварување на структурата која често им е потребна на припадниците на овој воден знак. Оваа комбинација може да резултира со љубов подлабока од она што некогаш го замислувале практичните Девици.

ЈАРЕЦ

Јарците, како и Девиците, се амбициозни, грижливи и одлучни, што ги прави идеални партнери за нив. И двата се земјени знаци, што значи дека ги споделуваат истите вредности, што е одлична основа за врска полна со разбирање. Јарците имаат разбирање за кариерните амбиции на партнерите и нема да ѝ замерат на Девицата за долгите часови поминати на работа. Девиците, пак, со нивната сталоженост и верност, никогаш нема да ја запалат љубоморната „жичка“ на традиционалните Јарци.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Љубов и секс

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе