Астрономите денеска објавија дека фотографирале супермасивна црна дупка во центарот на Млечниот Пат. Фотографија од она што американскиот астрофизичар Феријал Озел го нарече „благ џин“ е објавена во јавност.
Озел е ангажиран на Универзитетот во Аризона и е дел од проектот Event Horizon Telescope, кој го сочинуваат 300 научници од 13 институции, а управуваат со глобалната мрежа на телескопи.
Првата фотографија од црна дупка досега од галаксијата Месиер 87 (М87) е направена во 2019 година. Астрономот Шеперд Долеман од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан тогаш рече дека „го видовме она што само мислевме дека нема да можеме да го видиме“.
Мајкл Џонсон, исто така од споменатиот центар, рече дека најновите наоди се неверојатна потврда за теоријата на релативноста на Ајнштајн.
The New York Times пишува дека постојат индикации дека постои црна дупка во центарот на секоја галаксија која би можела да биде милиони или милијарди пати помасивна од Сонцето. Астрономите сè уште не знаат како црните дупки станале толку големи.
Парадоксално, тие се најсветлите објекти во универзумот бидејќи имаат способност да апсорбираат светлина. Поголемиот дел од материјата од вселената влегува во нив. Откритијата од 1960-тите доведоа до тоа да се сфати сериозно идејата дека црните дупки навистина постојат.