Авиокомпании ја повикаа ЕУ да користи еколошко гориво за сите летови

Неколку нискобуџетни авиокомпании побараа од Европската комисија да ги разгледа плановите според кои еколошко гориво ќе се користи на сите летови.

Авиокомпаниите кои не се конкуренти на пазарот на долги релации easyJet, Ryanair, Wizz Air, Jet2 и невладината организација Transport & Environment, во заедничко писмо ја повикуваат ЕУ да примени квоти за еколошко гориво (САФ) не само за летови во Европа, туку и за летови на долги релации. Исклучувањето на долгите патувања од квотата на САФ би значело дека тој сегмент од секторот, на кој му е потребна декарбонизација, воопшто нема да биде предмет на ова барање, се вели во писмото.

Авиокомпаниите забележуваат дека според Европската организација за воздушна безбедност Еуроконтрол, 6 проценти од летовите од европските аеродроми со должина на лет повеќе од 4.000 километри сочинуваат половина од вкупните емисии на јаглерод диоксид од летовите од Европа.

– Нема никаква логика долгите летови да бидат исклучок од условот за употреба на САФ, бидејќи тоа е единствениот можен начин за нивна декарбонизација, изјави извршниот директор на Ryanair, Мајкл О'Лири.

Употребата на еколошко безопасно гориво е „единствената краткорочна опција за ограничување на емисиите на јаглерод диоксид на долги летови“, се вели во писмото.

Што се однесува до летовите со кратки релации, САФ е привремено решение сè додека не се појават авиони на водород по 2030 година.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе