ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

Австралиец падна од жештина двапати за време на трката, но сепак ја заврши

Австралискиот атлетичар Патрик Тирнан двапати падна на патеката од огромен напор и топлина за време на последниот дел од трката на 10.000 метри. Сепак, тој успеа да ја заврши трката.

„Чекав пет години за Олимпијадата. Ми требаа уште 180 метри за да стигнам до целта кога првпат паднав. Не можете да застанете кога ви остануваат уште 180 метри. Во тој момент, не мислев дека сум целосно готов, па станав. Повторно паднав и знаев дека сум во неволја. Бев толку близу што морав да се принудам да ја завршам трката. Знаев дека можам и морам да го сторам тоа“, рече тој по трката.

URL

Тирнан беше меѓу водечката група во поголемиот дел од трката, но не успеа да издржи до крајот. Тој ја заврши трката на 19-то место и беше прогласен за херој во Австралија.

„Го изведов мојот план за трка многу добро до последните 600 метри. Само што останав без пареа. Немав среќа, тоа е Олимпијадата и секако дека сакате да го дадете најдоброто од себе“, рече тој, додавајќи:

„Дефинитивно беше жешко, но ние се подготвивме за тоа тренирајќи на топлина и висока влажност во последните три месеци. Мислев дека добро се подготвив, но очигледно нешто не е во ред и ќе го анализираме. Не се надевав дека ќе добијам ваков публицитет по оваа трка. Не чувствувам дека тоа е херојство“.

URL

Златниот медал изненадувачки го освои Селемон Барега од Етиопија, а среброто и бронзата им припаднаа на Џошуа Чептегеи, кој го држи светскиот рекорд во оваа дисциплина, и Јакоб Киплимо, двајцата од Уганда.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе