Австрија од полноќ по третпат се „заклучи“

Од полноќ во Австрија стапија во сила нови построги мерки во борбата против пандемијата на коронавирусот, со кои земјата повторно се затвори, по третпат оваа година.

Третото заклучување ќе трае еден месец, до 26 јануари, но за оние кои ќе учествуваат во доброволното масовно тестирање, „отклучување“ ќе биде можно од 18 јануари.

Со новиот карантин повторно стапи во сила целодневниот полициски час, а од дома може да се излезе за да се купуваат дневни потреби, да се оди на лекар, да се оди на работа, но и да им се помага на другите и да се шета или да се занимава со индивидуален спорт поради ментално и физичко здравје.

Построгите мерки предвидуваат значително намалување на контактите, така што на едно домаќинство му е дозволено да има контакт со само едно лице од друго домаќинство.

Тоа значи дека дури и за Нова година нема да биде можно да се напушти куќата без валидна причина, како и да се слави со оние кои не се членови на домаќинството.

Сите продавници, освен самопослугите, аптеките, пекарите, месарниците и слично, се затворени. Отворени се и сервисите за автомобили и велосипеди. Рестораните и хотелите, како и културните институции, остануваат затворени.

На јавни места, останува правилото за растојание од еден метар од другите лица, а во затворен простор мора да се носи маска.

Исто така, до 18 јануари е во сила построг режим за влез во Австрија, кој предвидува задолжителен десетдневен карантин, кој може да се прекине со негативен тест, но само по петдневна изолација.

Тагови
реклама

Свет

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more
 

Вести

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе