Австрија првпат по месец и пол има над 1.000 активни случаи на COVID-19

Австрија забележа повеќе од 1.000 активни случаи на коронавирус за првпат од мај наваму.

Бројот на случаи денеска порасна на 1.012, покажуваат официјалните податоци на Министерството за здравство.

Министерот Рудолф Аншобер изјави дека заразата се појавила во локализирани кластери со патеки на инфицирање кои може да се следат.

Еден од нив е регионалниот кластер околу градот Линц на север – таму од вчера се забележани уште 57 случаи и сега вкупно има 414.

Виена има 347 активни случаи, а во четири од девет австриски региони нема забележано нови случаи.

Бројот на активни случаи беше паднат под 1.000 на 20 мај, според податоците на здравствените служби.

Австрија се сооочува и со жаришта во фабриките за преработка на месо. Тестирањата покажаа дека има 10 нови случаи на коронавирус во три фабрики за преработка на месо во близина на границата со Германија.

Овие нови случаи се надоврзуваат на големиот број случаи во фабрики за преработка на месо во Германија каде се утврдени 1.400 заразени работници.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе