Австрија сака на возачите да им се одземаат автомобилите поради брзо возење

Австрија подготвува закон според кој полицијата покрај возачката дозвола, ќе им го одземе и автомобилот на возачите кои значително ја надминуваат дозволената брзина, беше соопштено во Виена.

„На нашите патишта едноставно има премногу луѓе кои не може да бидат убедени, за кои не функционираат казните и дополнителната обука. На овие луѓе мора да им се одземе оружјето“, рече австриската министерка за транспорт Леоноре Гевеслер при претставувањето на нацрт-законот.

За повторени прекршоци, возилото може да биде одземено и продадено на аукција

Предлог-законот значи дека на возачите кои ќе ја надминат дозволената брзина од 60 километри на час во населено место или 70 километри на час надвор од населено место ќе им биде одземен автомобилот на лице место две недели.

Во овој период треба да се провери дали се работи за возач кој веќе е евидентиран за брзо возење. Доколку се покаже дека возачот веќе направил драстично прекршување на брзината, неговиот автомобил би можело да се продаде на аукција.

Во случај на надминување на дозволената брзина од 80 километри на час во населено место или 90 километри на час надвор од населбата, автомобилот веднаш би бил одземен и продаден. Ова би се однесувало, на пример, за оние возачи кои се фатени со брзина од 220 км/час на автопатот во Австрија, каде максималната брзина е 130 км/час

Законот би можело да стапи на сила следната година

Министерката Гевеслер рече дека овие мерки служат за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

„Со тие брзини за кои зборуваме, ниту еден возач веќе нема целосна контрола над својот автомобил“, нагласи таа.

Властите во Австрија годишно бележат од 400 до 450 случаи во кои може да се примени новиот закон. Законот би можело да стапи на сила кон средината на следната година.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе