Лидерот на самопрогласената република Нагорно-Карабах, Арајик Харутиунијан е сериозно повреден во нападот на азербејџанските сили, тврди помошникот на азербејџанскиот претседател, Хикмет Хаџиев.
– За време на хируршки прецизниот напад на азербејџанската армија, Арајик Харутиунијан, лидерот на самопрогласената република Нагорно-Карабах, е тешко ранет, рече Хаџиев, пренесува ТASS.
Но Ваграм Погосијан, портпарол на претседателот на самопрогласената република Нагорно-Карабах, рече дека тврдењето на Азербејџан, дека лидерот е повреден, е дезинформација.
– Тоа е апсолутна дезинформација. Претседателот е жив и здрав, тој целосно ги извршува своите должности, само што се обрати преку видео, рече Погосјан.