БУНДЕСЛИГА 2019/20

Баерн славеше среде Дортмунд и дојде на чекор до титулата

Ниту Левандовски, ниту Холанд, Дер Класикер го реши Јошуа Кимих со одличен лоб удар.

Кимих го лобува Бирки

Баерн е на чекор од јубилејната 30-та титула откако ги освои трите бода на најтешкото гостување, кај големиот рувал Борусија во Дортмунд.

Домаќините од почеток тргнаа во офанзива и Ерлинг Холанд за малку не донесе рано водство кога ја протна топката низ нозете на Мануел Нојер, но од самата гол-линија чист гол спаси Жером Боатенг.

Кратко потоа Рафаел Герејру ја затресе гостинската мрежа, но офсајдот беше очигледен и голот поништен.

Првата шанса за Баерн дојде во 20. минута кога Серж Њабри упати одличен удар, но од гол-линијата исфрли Матс Хумелс.

На само две минути пред паузата беше постогнат голот кој се покажа решавачки. Јошуа Кимих прими една топка на работ од шестнаесетникот и без многу размислување упати лоб удар откако примети дека домашниот голман Роман Бирки е малку подизлезен.

Во вториот дел прво Леон Горецка пропушти шанса да го зголеми водството, а кратко потоа Холанд на спротивната страна не успеа да израмни.

Борусија продолжи да притиска, а Баерн на контри се закануваше. При една таква прилика Левандовски ја погоди стативата.

Во 126. дерби натпревар Баерн ја забележа победата број 60 и сега разликата на табелата ја зголеми на +7 во однос на Борусија со што практично е на чекор од титулата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе