Бајден: Американците не треба да гинат во војна во која Авганистанците не сакаат да се борат

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека целосно стои зад неговата одлука за повлекување од Авганистан, бидејќи американските војници не треба да се борат и да гинат во војна во која самите Авганистанци не сакаат да се борат.

Синоќешното обраќање до јавноста од Белата куќа е прва изјава на Бајден за преземање на власта од страна на Талибанците во Авганистан.

Последен пат тој зборуваше за Авганистан минатиот вторник кога ја бранеше својата одлука за повлекување на војниците од Авганистан и кога изрази уверување дека тамошната војска има сила да се одбрани од Талибанците.

Но, наместо уредно повлекување, за што имаше јавна поддршка, целиот процес се претвори во понижувачки американски дебакл, пренесува Хина.

Бајден рече дека цврсто стои зад одлуката за повлекување на американските војници, и покрај тоа што талибанците ја соборија авганистанската влада за само неколку дена и ја презедоа контролата врз земјата.

Тој нагласи дека не сака да ги повтори грешките од минатото и да остане во војна што не е во американски интерес.

„Ако авганистанските сили не сакаат да се бранат, нема шанси дека уште една година или повеќе години од американски ангажмани да направат разлика“, оцени Бајден.

Тој рече дека американските сили не треба да се борат и да гинат во војна во која самите Авганистанци не сакаат да се борат.

„Авганистанските политички лидери кренаа раце и избегаа од земјата, а војската одби да се бори“, рече американскиот претседател.

Тој, сепак, призна дека авганистанската влада падна побрзо отколку што очекуваа Американците. Бајден, исто така, откри дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани одбил да учествува во обидот да се најде дипломатско решение.

Бајден додаде дека сцените од Кабул, каде владее хаос на аеродромот, предизвикуваат „грчеви во стомакот“.

Во наредните денови, американската војска ќе евакуира илјадници американски државјани од Авганистан, рече Бајден, најавувајќи дека САД ќе продолжат да го поддржуваат безбедното излегување на сите свои сојузници.

Тој им вети на талибанците брз и жесток одговор доколку ги нападнат Американците.

Сепак, мнозинството Американци (69,3%) не ги одобруваат постапките на претседателот Џо Бајден во Авганистан, покажува анкетата на истражувачката фирма Trafalgar Group. Речиси 89 отсто од републиканските испитаници не ја одобруваат политиката на Бајден во Авганистан, но не се согласуваат ни 48 проценти од демократските поддржувачи. Само 23,1 проценти од испитаниците се задоволни од политиката на Бајден кон Кабул.

Анкетата беше спроведена преку интернет на 14 и 15 август 2021 година и вклучи 1.084 испитаници.

реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Свет

Фотографии сведочат за хаосот во сингапурскиот авион

Read more

Санкциите против Русија најмногу се заобиколуваат преку Кина, ОАЕ и Турција

Read more

Силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур: Еден загинат, над 30 повредени

Read more

ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција

Read more
 

Вести

Фрагментирана интроспекција – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Читај повеќе
  • filter

Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Читај повеќе

Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај на официјалното затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија

Читај повеќе

Вучиќ за гласањето на Резолуцијата за Сребреница: Ќе има разочарувачки вести за ставовите на некои земји за кои не очекувавме да ни забијат нож во грб

Читај повеќе

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Читај повеќе

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Читај повеќе

Палевски спроведен во Кривичниот суд: Негира вина

Читај повеќе

Мајска сесија – Дојди да се преслушаме: На УКИМ голем концерт по повод Денот на Европа

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Фотографии сведочат за хаосот во сингапурскиот авион

Читај повеќе