Бајден доживеа тежок пораз: Тексас може да апси мигранти и да им се заканува со долги затворски казни

Макфакс
/ 20.03.2024 / 08:20

Врховниот суд на САД пресуди дека Тексас може да апси и приведува мигранти според новиот федерален Закон за имиграција, јавува BBC. Законот СБ4 ќе им дозволи на локалната и државната полиција да ги апси и гони осомничените за илегално преминување на американско-мексиканската граница.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден го нарече законот неуставен. Одлуката беше донесена еден ден откако беше блокирана на исто ниво поради жалби. Стапувањето на сила на законот трипати го одложуваше судијата Самуел Алито. Врховниот суд вчера пресуди дека СБ4 може да стапи на сила, но понискиот федерален апелационен суд допрва треба да одлучи за неговата законитост.

Тројца либерални членови на Врховниот суд: Сониа Сотомајор, Елена Каган и Кетанџи Браун Џексон го изразија своето несогласување.

„Судот дава зелено светло што ќе ја наруши долгогодишната рамнотежа на силите меѓу федералното и државното ниво и ќе создаде хаос“, напиша Сотомајор во нејзиното мислење.

СБ4 им дава овластување на локалните и државните службеници за спроведување на законот да запрат и апсат луѓе осомничени за илегално преминување на границата, освен во училишта, здравствени установи или места за богослужба. Предвидени се прекршочни или кривични постапки и можни затворски казни или парични казни до 2.000 американски долари.

Казните за оние кои илегално ќе влезат во Тексас откако ќе бидат депортирани може да бидат до 20 години затвор, во зависност од имиграцијата и криминалната историја на лицето. СБ4 беше потпишан во декември и првично требаше да стапи на сила на 5 март.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе