КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Балотели до Манчини: Ако ме викне, пеш ќе дојдам од Турција

Марио Балотели сонува за враќање во репрезентацијата на Италија и поради тоа стапил во контакт со селекторот Манчини на кој му порачал дека и пеш би дошол од Турција само за повторно да го облече аѕурниот дрес.

„Конечно се чувствувам добро после две и пол години. Се чувствувам подготвен да се вратам во репрезентацијата. Тоа ми е сон. Доколку би добил повик за мартовските баражи и пеш би тргнал од Турција“, порача популарниот Супер Марио во изјава за OCW Sport.

Неговата лоша форма го оддалечи од репрезентацијата иако одамна е миленик на Роберто Манчини, кој сега е селектор на Италија. Уште од времето кога двајцата беа во Интер, а потоа и во Манчестер Сити.

„Имам добар однос со Манчини, секогаш сум имал. Тој само треба да ми каже што сака од мене и тогаш можам да се вратам во националниот тим. И ќе се вратам“.

Балотели порано важеше за многу проблематичен карактер кој често се караше не само со противниците, туку и со соиграчите. Но, на терен вели дека може да игра со секого.

„Поради мојот начин на игра би можел да играм со било кој. Дури и со Чиро (Имобиле, заб. на прев.). Дали јас би ги изведувал пеналите? Тоа нема да го кажам бидејќи би направил проблем, но сите знаат дека можам да ги изведувам. Секој фудбалер сонува да биде голгетер на својата репрезентација“.

Манчини кога стана селектор во 2018 го повика за мајските и јунските пријателски, но оттогаш повторно не доби повик. Се надева дека тој пост наскоро ќе заврши.

„Не ме има повикано досега затоа што го знае мојот потенцијал и знае дека сѐ уште не сум во добрата форма. Но, имам време до март да се вратам во врвна форма. Не зборувам за да се жалам дека не сум повикам, јасно ми е дека сум далеку од мојата врвна форма. Јас само треба да продолжам да работам“, заврши Балотели.

Во моментот кога последен пат беше репрезентативец на клупски план настапуваше за Ница, а оттогаш ги смени дресовите на Марсеј, Бреша, Монца и Адана Демирспор, каде што настапува сезонава.

Оваа сезона 31-годишниот Марио има 5 гола и 2 асистенции на 12 натпревари во најдобрата турска лига.

Италија противникот за мартовските баражи ќе го дознае на жрепката на 26 месецов, а можен противник ѝ е Македонија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе