Балотели: Добар сум како Роналдо и Меси, воопшто не им завидувам

Марио Балотели е „100% сигурен“ дека неговиот фудаблски талент е на исто ниво со Роналдо и Меси, со тоа што тој „пропуштил некои прилики за денес да биде како нив“.

Италијанскиот напаѓач сега е член на турскиот прволигаш Адана Демирспор каде сезонава на 24 натпревари постигна 11 гола. Добрата форма му донесе и надеж за враќање во репрезентацијата откако селекторот Роберто Манчини јавно изјави дека размислува 31-годишниот Балотели да добие повик за баражот против Македонија на 24 месецов.

Тој вели дека најголемата грешка во кариерата му била тоа што си заминал од Манчестер Сити, каде на голема врата дојде од Интер летото 2010, веднаш по освојувањето на Лигата на шампионите. Но, во Сити остана 2 и пол години и во јануари 2013 се пресели во Милан.

„Дури и годината кога си заминав играв добро во Милани тоа година и пол, но после тоа имав некои проблеми. Сега како постар знам дека не требаше да го напуштам Сити. Гледајќи го Сити како напредуваше изминативе години, можев да бидам како Серхио Агуеро и тоа за долго време“, вели популарниот Супер Марио во интервју за британски The Athletic.

„Да бев во Сити веројатно ќе освоев една Златна топка, сигурен сум во тоа. Но, знаете како е, како што стареете така созревате, така да...“, додава.

После Милан имаш неуспешна авантура во Ливерпул. Се врати во форма настапувајќи за Ница, но повторно доживеа пад по што следуваа аватури во Марсеј, Бреша и Монца.

Балотели уште од времето во Интер кога како тинејџер претставуваше голема надеж се споредуваше со Роналдо и Меси, велејќи дека е добар колку нив. После 10 години сѐ уште е на тој став, но споредувајќи се по талентот за играње фудбал, не за достигнувањата.

„Јас сум 100% сигурен дека мојот квалитет е на исто ниво со Меси и Кристијано Роналдо, но јас... јас испуштив одредени прилики. Се случува“.

„Денес не можам да речам дека сим добар како Роналдо, бидејќи Роналдо освои многу Златни топки. Колку беа? 5? Не можам да се споредувам со Меси и Роанлдо, никој не може. Но, доколку зборуваме само за квалитет, фудбалски квалитет, тогаш немам зошто да им завидувам на нив двајца, да бидам искрен“, заврши тој.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more
 

Спорт

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе