Балотели: Златна топка? Морам да ги убијам оние двајца

Напаѓачот на Ница, Марио Балотели, зад себе има солидна сезона во Франција, во која потсети на својот голем потенцијал.

Ница со Балотели избори пласман во квалификациите во Лигата на шампионите, а италијанскиот напаѓач сезоната ја заврши со 15 голови постигнати на 23 натпревари.

Поради тоа француските новинари го прашале што е потребно да ја освои „Златната топка“. Контроверзниот напаѓач одговорил во свој стил.

„Што е потребно за да ја освојам „Златната топка“? Па, да ги убијам оние двајца“, рекол во шега Балотели, алудирајќи на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, играчи кои доминираат во последните девет години.

„Мислам дека морав да направам повеќе во кариерата. Ова досега не е доволно“, дополнил Италијанецот.

Марио Балотели (26) минатото лето од Ливерпул пристигна во Ница. Во кариерата бил играч и на Манчестер Сити, односно Милан. 

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе