„Барај синко, царство доволно големо за твоите амбиции“: Смртта на Александар Велики

Животот на македонскиот монарх бил полн со битки и достигнувања.

На тринаесеттиот ден од јуни 323 година п.н.е. (некои извори укажуваат на 10 или 11 јуни), Александар Велики, најпознатиот освојувач во историјата, починал на 33-годишна возраст. Животот на македонскиот монарх се одвивал низ битки и достигнувања, како освојувањето на Персиската Империја. Но, неговото наследство не го надживеало.

„Барај синко, царство доволно големо за твоите амбиции. Македонија е премала за тебе“.

Со овие зборови, македонскиот крал Филип II му се обратил на својот син Александар кога имал само 17 години. До денот на неговата смрт, наследството на Александар Велики, водачот кој ја освоил Персија и ја проширил својата империја до Индија, ги инспирирал идните освојувачи како што биле Јулиј Цезар и Наполеон.

Синот на Филип II Македонски и епирската принцеза Олимпија, Александар III Македонски, попознат како Александар Велики, е роден во август 356 година п.н.е. Избран од татко му како престолонаследник, за таков и бил образуван, а неговиот интелектуален развој му бил доверен на Аристотел. Филозофот кај својот млад ученик предизвикал големо воодушевување за хеленистичката култура и древните епови, особено хомеровата „Илијада“, која станала негова омилена книга.

За време на првите години од неговото владеење, Александар го зголемил притисокот врз грчките градови-држави под Македонија, кои, користејќи ја смртта на Филип, се побуниле. Кога воспоставил контрола, ја продолжил политиката на експанзија што веќе ја започнал неговиот татко и во 334 година п.н.е. ја покренал својата армија од само 40.000 луѓе против моќната Персиска Империја. И покрај бројната надмоќ на војската на кралот Дариј III, Александар го победил во битките кај Граник и Ис (333 п.н.е.), Гавгамела (331 п.н.е.) и битката кај Персиската порта (330 п.н.е.).

На крајот на 334 година п.н.е., Александар решил да презими во Гордиум, античката престолнина на Фригија. Според легендата, тука била познатата кралска воловска кочија, опремена со комплициран јазол (кралот Мида кочијата им ја посветил на боговите). Според пророштвото на Гордиум, „оној кој ќе го одврзе јазолот, ќе ја освои Азија“. Некои извори наведуваат дека Александар трпеливо го одврзал јазолот, други дека го пресекол со меч. Истата ноќ се случила голема бура, што била протолкувана како одобрување на Зевс за понатамошни освојувања.

На пат низ Египет, Александар бил пречекан како херој по победите над Персијците. За време на неговиот престој во земјата на Нил, започнал со изградба на неколку храмови и покажал почит кон локалните богови. Во Мемфис, народот, кој го сметал за ослободител, го прогласил македонскиот монарх за фараон на Египет.

Александар тргнал да ја освои Индија и иако го освоил западниот дел на потконтинентот, морал да се откаже од понатамошно движење кон исток поради бунтот на неговите трупи, истоштени од долгата војна.

По походот во Индија, Александар бил целосно свесен за степенот на софистицираност што го постигнала Персиската Империја. Фасциниран од ова, освојувачот дури ги прифатил обичаите и облеката на Персијците, што неговите офицери не ги прифатиле.

Во 324 година п.н.е. Александар отпуштил 10 илјади ветерани. Имал намера да организира експедиција која ќе плови околу Арапскиот Полуостров. Сепак, есента истата година, Александар го загубил својот пријател Хефестион (наводно самиот Александар го убил по расправија). Со цел да ги ублажи болката и каењето, тој презел кампања против Косејците кои живееле помеѓу Медија и Сусијана. Ова била последната војна на Александар.

Се вратил во Вавилон пролетта 323 година и наскоро се разболел. На жешкиот јунски ден, Александар Велики починал во својата вавилонска палата. За причините за неговата смрт се расправа и ден денес. Постојат оние кои укажуваат на треска, а има и такви кои велат дека бил отруен. Во секој случај, неговата прерана смрт на возраст од 33 години го оневозможила опстојувањето на огромната македонска империја.

Сукцесивните борби, во кои биле убиени неговите жени и деца, го разбиле неговото наследство, кое потоа биле разделено помеѓу неговите генерали.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе