Баш кога нема кај да мрднеме: Македонскиот пасош е помоќен од американскиот

Passport Index ги објави најновите податоци за најмоќните пасоши во светот, врз основа на тоа во колку земји имате безвизен пристап или добивате виза по пристигнувањето со тој пасош.

Иако пасошот за Нов Зеланд е прогласен за најмоќен во светот според новиот рејтинг, тоа не им е од голема корист на Новозеланѓаните, бидејќи во овој момент им се препорачува да се воздржат од меѓународни патувања.

Она што е особено интересно за нас е што македонскиот пасош со скор на мобилност од 99, се најде на 16-тото место, пред пасошот на Американците кој има скор од 92 и е на 21. место на Индексот.

Без виза можеме во 62 земји, на пристигнување во земјата може да извадиме виза во 37, а за 99 земји ни е потребна виза.

Фото: МИА

Иронијата не можеше да биде поголема – македонскиот пасош е моќен баш во годината кога во светот владее пандемија и нема кај да мрднеме.

Нов Зеланд го обезбеди првото место со скор од 129, а потоа следат Германија, Австрија, Луксембург, Швајцарија, Ирска, Јужна Кореја, Јапонија и Австралија, кои со скор од по 128 го делат второто место.

Шведска, Белгија, Франција, Финска, Италија и Шпанија се на третото место, додека Велика Британија е на четвртото место, по што следуваат Холандија, Данска, Португалија, Литванија, Норвешка, Исланд и Канада.

Соединетите Американски Држави не се ни меѓу првите 10, туку го делат 21. место заедно со Малезија, со безвизен пристап до 52 земји. И соседна Србија е пред САД, со скор од 102 се наоѓа над нас на 14-то место. Српските граѓани можат да влезат во 66 земји без виза, а во 36 добиваат виза по пристигнувањето.

Од соседството: Црна Гора е на 18-то место, Словенија на петто, Словачка на седмо, Хрватска на осмо, Романија и Бугарија на деветто, додека БиХ е на 19-то место.

На крај се Авганистан и Ирак, со скор од само 31, по што следат Сирија (34), Сомалија (35) и Јемен (36).

Passport Index  нагласува дека пандемијата имала хаотично влијание врз патувањата и целокупната „отвореност на светот“.

„И покрај големата нестабилност на моќта на пасошите во текот на изминатата година, го ажуриравме рангирањето во реално време, покажувајќи го реалниот ефект на пандемијата врз рангирањето на пасошите“, стои на официјалната веб-страница.

Податоците јасно покажуваат: Со привремените забрани за патување и визни ограничувања, многу земји кои некогаш имаа моќен пасош сега се рангирани меѓу најмалку моќните во светот.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Чек дис аут

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Read more
 

Магазин

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе