Бејл: Не разбирам зошто нашите навивачи нѐ исвиркуваат

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Гарет Бејл изрази зачуденост од критиките на навивачите на „Кралскиот клуб“.

„На секој натпревар сме под огромен притисок. Ако играте лошо, вие сте во центарот на вниманието. Кога играв лошо, целиот стадион, 80.000 ме исвирка. Непријатно е. Наидов на ова неколку пати. Кога се случи ова за прв пат, помислив 'Што се случува?!'. Тоа ја уништува вашата доверба. Јас не разбирам. Затоа што ако не успеете на теренот, навивачите треба да ве поддржат за да се издигнете и да им дадете радост. Тие го прават спротивното. Почнуваат да свиркаат, се чувствувате уште полошо и ја губите довербата. Почнувате да играте уште полошо и ова ги вознемирува уште повеќе“, истакна Бејл.

Не е тајна дека навивачите на Реал не се задоволни од она што Бејл го прикажува на теренот. Досега и неколку пати беше поврзувам со заминување во друг клуб, но сѐ уште нема ништо официјално.

„Ова не е само одлика на Реал Мадрид, се случува истото и во другите клубови, но Реал е најпознат по ваквите нешта. Се случува да не реализирам добра шанса. Тие почнуваат да свиркаат, а вие си мислите 'Довербата опадна по нереализираната шанса и сега ќе падне уште пониско'. И во следниот момент, противничкиот гол ви изгледа минијатурен, како да е дупка во голф“, рече велшкиот репрезентативец.

Не го свиркаа во финалето од Лигата на шампионите во 2018 кога со два гола му ја донесе титулата на Реал против Ливерпул.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе