Белами: Со ваква игра Погба не смее да се појави против Ливерпул

Манчестер, 13 декември 2018 (МИА) – Пол Погба не смее да биде дел од Манчестер Јунајтед за дербито против Ливерпул в недела на „Енфилд“, оцени Крег Белами по синоќешниот пораз на „Црвените ѓаволи“ од Валенсија.
 
Англичаните загубија со 1:2 и ја пропуштија шансата да завршат први во групата, откако во вториот натпревар Јувентус неочекувано претрпе пораз од Јанг Бојс.
 
На дуелот со Валенсија Французинот се врати меѓу стартерите, но одигра лошо.
 
– Погба беше повторно слаб. Јасно е дека Мурињо не може да го извлече најдоброто од него. Играчот покажува дека не е заинтересиран и неговата игра против Валенсија беше загрижувачка. Не сум сигурен дали е толку добар како што мислат многу луѓе. Следи многу важен натпревар в недела, најголемиот во Премиер лигата. По ваквата игра, сепак, за него едноставно нема место во тимот и тој мора да остане на клупата. Изгледа како да назадува. Постојано се истакнува дека тој е светски шампион, но тој не покажува дека оди напред во големите натпревари, изјави Велшанецот, кој е поранешен фудбалер на „црвените“. 
реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе