Белгија ќе ги добие првите вакцини против COVID-19 до идната пролет

Брисел, 3 септември 2020 (МИА) – Според белгиските медиуми, првите дози вакцини против COVID-19 би требало да пристигнат во Белгија во март, јави дописничката на МИА од Брисел.

Според генералниот директор на Агенцијата за лекови на Белгија, Ксавие Декејпер, вакцините треба да бидат достапни за Белгија до идната пролет, најверојатно во март 2021.

-Врз основа на сите информации со кои располагам, можам да тврдам дека во март 2021 би можеле да имаме достапна вакцина против COVID-19 во Белгија, ова е реалистичен рок, изјави Декејпер за белгиските медиуми.

Директорот својата проценка ја темели врз информациите и преговорите што ги води со производителите на вакцините.

Тој објаснува и дека нема да можат сите земји во ЕУ да ги добијат дозите на вакцина во исто време, и се очекува ЕУ да произведе шема на дистрибуција. Според него, првата набавка би требало да се состои од околу педесет милиони вакцини, од кои Белгија ќе добие 1,2 милиони дози.

Тоа исто така значи дека земјите нема да имаат доволно вакцини за целото население и дека ќе треба да се носат одлуки за приоритетни лица.

-Дискусијата ќе биде тешка и ќе има голем притисок од сите сектори, изјави директорот на Агенцијата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе