„На денешниот состанок за безбедносни прашања одржан во Минск, Русија и Белорусија договорија распоредување на заеднички регионални сили“, соопшти белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Потсети дека имал средба очи в очи со рускиот претседател Владимир Путин, по неформалниот самит во Санкт Петербург.
„Со оглед на влошувањето на западните граници, се договоривме да распоредиме регионална група на Руската Федерација и Република Белорусија. Тоа е во склад со нашите документи. Ако нивото на закана го достигне нивото што е сега, почнуваме да ја користиме групата на безбедносни сили на Сојузната држава. Основа на оваа група е војската, Вооружените сили на Република Белорусија. Морам да ве известам дека формирањето на групата почна и мислам дека трае два дена. Дадов наредба да почнеме со формирање“, изјави Лукашенко.
И тој, по примерот на Рамзан Кадиров, му испрати закана на Зеленски:
„Мојот одговор би бил едноставен. Кажете им на Зеленски и на другите лудаци дека Кримскиот мост ќе им изгледа како цвеќе ако со нивните валкани раце допрат само еден метар од нашата територија“, соопшти Лукашенко.