Bentley на својата страница објави фотографија од неверојатни 53 милијарди мегапиксели на која се наоѓа моделот Mulsanne.
На прв поглед изгледа дека станува збор за вистински импресивна фотографија од мостот Голден Гејт во Сан Франциско, но можноста за зумирање открива до каде оди длабочината на фотката.
Благодарение на огромниот број пиксели, со зумирањето може да се најде автомобилот на Bentley - моделот Mulsanne, а можат да се видат и некои интересни детали.
Британската компанија ја користела технологијата на НАСА, а споени се вкупно 70 фотографии за да се добие оваа. Од Bentley објаснуваат дека кога би се испечатила би била голема колку фудбалски терен.
Фотографијата може да ја видите на следниот линк.