Берни Сандерс: Ги видов мемињата инспирирани од инаугурацијата

Ако се прашувавте дали американскиот сенатор Берни Сандерс ги видел мемињата инспирирани од неговата поза на седење во текот на инаугурацијата на Џо Бајден, одговорот е потврден.

Гостувајќи во Late Night со Сет Мејерс, Сандерс ја објасни приказната зад фотографијата која стана хит на социјалните мрежи.

„Само седев и се обидував да се стоплам“, вели Сандерс за фотографијата на која седи со скрстени раце, облечен во дебела јакна и плетени ракавици.

Remote video URL

Американскиот сенатор гласно се насмеа кога водителот му покажа неколку мемиња меѓу кои и она на кое седи покрај актерките од „Sex and the City“. Тој повторно ја раскажа приказната за волнените ракавици, кои станаа хит на интернет, а кои се подарок од учителката Џен Елис од Вермонт.

Џо Бајден положи заклетва како американски претседател во средата, но славата тој ден целосно му ја презеде Берни Сандерс, седејќи намрштен и со прекрстени раце, во столче, облечен во дебела зимска јакна и волнени ракавици.

Сандерс стана хит на интернет, неговата поза се појави во спотови, НБА натпревари, на риболов со Путин, на последната вечера на Да Винчи, во „Star Wars“, „The Lord of the Rings“, „Star Trek“, дури и во ММА рингот.

Во Македонија позата предизвика посебен интерес, па американскиот сенатор се најде како седи на клупите во Скопје.

реклама

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе