Безбедно дете – за безбедна учебна година

Децата се нашето најголемо богатство, нашата иднина. Императив на сите нас е да ја зголемиме безбедноста на децата во сообраќајот со што ќе ја заштитиме нашата иднина.

Денес започнува новата учебна година, што значи огромен број деца ќе се упатат кон градинките и училиштата. Токму тие - децата кои пешачат или управуваат велосипед, тротинет и слично се најмалите учесници во сообраќајот и неопходно е да знаат како да сe однесуваат во истиот.

РСБСП упатува апел до возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни во близина на воспитно-образовните установи, а кон децата и нивните родители и/или воспитувачи/ наставници - да ги запознаат и да ги потсетуваат децата на основните правила и прописи во сообраќајот заради осигурување на нивната безбедност во сообраќајот на патиштата.

На децата кои возат велосипед или тротинет им се препорачува да носат заштитен шлем - кацига, да возат со пропишаната брзина и да ги почитуваат сообраќајните правила и другите учесници во сообраќајот, како и да управуваат со исправни и означени велосипеди и тротинети.

          На децата кои пешачат РСБСП им препорачува:

•  да ја поминуваат улицата само на обележан пешачки премин,

•  да не претрчуваат преку улица,

• да ја почитуваат сообраќајната сигнализација т.е. да преминуваат улица само кога свети зеленото светло на пешачкиот семафор,

• особено да бидат внимателни кога се движат во услови на намалена видливост т.е. дожд и магла (по можност да носат светла облека или рефлектирачко елече),

• да не преминуваат помеѓу возила во движење,

• да не користат мобилен телефон или слушалки при преминување на улица,

• да внимаваат кога се движат на паркинзи и сл.

РСБСП апелира: Да дадеме свој придонес во грижата за безбедноста и заштитата на децата-учесници во сообраќајот, како и придонес во заедничкото издигнување на безбедноста на сообраќајот на уште повисоко ниво.

СРЕЌНА И БЕЗБЕДНА УЧЕБНА 2022/2023 ГОДИНА!

реклама

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more
Направете домашна пица во тавче по рецепт на Џејми Оливер

По рецепт на Џејми Оливер: Домашна пица во тавче

Read more

Зошто сите руски космонаути мочаат на гума од автобус пред да полетаат во вселената?

Read more

Објавени мапи: Како би изгледала Украина според планот на Трамп за завршување на војната?

Read more

Авто новости

Драстичен пад на продажбата на нови автомобили во Русија

Read more

Volkswagen и Uber ќе лансираат роботакси услуга во 2026 година

Read more

Volkswagen „на струја“ се продава повеќе од Tesla

Read more

Што е „холандски зафат“ и како спасува животи?

Read more
 

Автомобили

Драстичен пад на продажбата на нови автомобили во Русија

Читај повеќе

Volkswagen и Uber ќе лансираат роботакси услуга во 2026 година

Читај повеќе

Volkswagen „на струја“ се продава повеќе од Tesla

Читај повеќе
  • play_arrow

Што е „холандски зафат“ и како спасува животи?

Читај повеќе
  • filter

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Читај повеќе
  • filter

Porsche 911 Spirit 70: Уникатно чувство на слобода

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla објави катастрофални финансиски резултати

Читај повеќе

Hyundai ќе ја намали потрошувачката на гориво со хибриден систем од следната генерација

Читај повеќе

Tesla повторно го одложи доаѓањето на евтиниот модел

Читај повеќе