Бил Гејтс: Смртноста од коронавирус може да се намали до крајот на 2020 година

Милијардерот и филантроп Бил Гејтс изјави дека лековите за коронавирусот може значително да ја намалат смртноста оваа година, но вакцината ќе биде клучна за да се врати светот во нормала.

– Можете да видите терапевтска корист побрзо од заштитна. Мислам дека има добри шанси да имаме значително намалување на смртноста до крајот на годината со комбинацијата на овие нови инструменти, рече Гејтс во интервју за CNBC.

Коосновачот на  Microsoft и копретседател на Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ рече дека ремдесивир е еден од водечките лекови во терапевтското истражување. Ремдесивир е антивирусен лек од „Гилеад Сајнсес“, за кој се покажа дека го намалува ризикот од смрт кај сериозно болни пациенти за 62 проценти во споредба со само стандардно лекување.

Гејтс истакна дека има уште два антивирусни лекови кои научниците ги тестираат.

Фондацијата на милијардерот ги објави плановите во февруари да донира 100 милиони долари за создавање вакцина и пронаоѓање лек за коронавирусот. Донацијата е дел од барањето на Светската здравствена организација да се соберат 675 милиони долари во борбата против коронавирусот. Фондацијата вети нови 1,6 милијарди американски долари за организација која се обидува да ги вакцинира децата во текот на пандемија на коронавирусот.

Иако новите лекови значително ќе им помогнат на заразените со коронавирусот со тешки симптоми, Бил Гејтс предупреди дека „нема да нè вратат во нормала“.

– Сè додека навистина не го блокирате ширењето, сè додека нема долг период без никој да оди во болница, загриженоста ќе биде присутна, рече тој.

Гејтс е ентузијаст за сите вакцини што ги финансираат САД.

Тој, исто така, ја истакна важноста да се убеди општеството да се вакцинира, ако и кога ќе биде достапна вакцината. 

Remote video URL
Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе