Бил Козби и Роман Полански исфрлени од Американската филмска академија

Американската академија за филмски уметности и науки донесе одлука да ги исклучи комичарот Бил Козби и режисерот Роман Полански од своето членство.

Козби и Полански, на тој начин, станаа првите членови кои се исфрлени од споменатата академија поради кршење на најновиот кодекс на однесување, кој академијата за филмски уметности и науки го усвои во декември минатата година, откако во јавноста се појавија низа на обвиненија во врска со сексуално вознемирување и злоставување во филмската индустрија.

Козби минатата седмица беше прогласен за виновен по три точки од тужбата за сексуално злоставување.

Роман Полански, од друга страна, кој во 2003 година беше награден со Оскар, призна дека во 1977 година имал незаконски сексуален однос со 13-годишно девојче во Лос Анџелес.

Од страв дека ќе добие голема затворска казна тој побегна во Франција, а неговиот случај се уште трае.

Претставниците на Бил Козби и Роман Полански се уште не ја коментираа оваа одлука на академијата за филмски уметности и науки.

Академијата, пред да го донесе новиот кодекс, во октомври минатата година беше принудена да го исфрли филмскиот продуцент Харви Вајнстин, откако многу жени го обвинија за сексуално злоставување.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе