Битиќи: Ефектот од дадената економска помош е 100 отсто

Дилемата дали се доволни мерките што вчера ги понудивме со шестиот пакет економски мерки за помош за справување со последиците од ковид-кризата секогаш останува. Истата дилема ја имавме на почетокот на кризата, ја имаме и денеска, а веројатно и после година дена ќе зборуваме дали мерките се доволни затоа што е квалитативна и субјективна оценка, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Можеме да кажеме дека четирите пакети коишто Владата ги донесе минатата година покажаа дека ефектите се видливи кога знаете умешно да испланирате и таргетирано да ја дадете помошта. Ја завршивме 2020 година со пад од минус 4,5, а без помошта која што ја даде Владата падот би бил 8,7 проценти и тоа е суштинска разлика. Сме направиле ефект од 100 отсто од тоа што сме го дале, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање по денешното потпишување договор за државна помош со германската компанија Dräxlmaier.

Според него, тоа е пример како би требало една Влада соодветно да постапи.

– Секако не можеме да се мериме со другите земји. Остануваме на фактот дека ги следиме состојбите, ќе ги поддржиме сите сектори коишто се погодени во одреден момент и ќе им помогнеме заедно да ја поминеме економската криза. Денеска покажуваме дека и во период на криза има компании коишто влегуваат во инвестициски циклус и ние воопшто не се колебаме дали тие треба да бидат поддржани. Ќе продолжиме уште повеќе да ги поддржуваме сите коишто сметаат дека заедно со вистински чекори можеме да излеземе од оваа криза, посочи Битиќи.

Потенцира дека има доволно средства за да се направи тоа ако се знае како успешно да се менаџираат парите на граѓаните.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе