Битиќи: Земјава ќе биде пионер во воведувањето асистенти за вештачка интелигенција

До пред десет години не можеше ни да се замисли дека владините седници ќе се одвиваат онлајн, но пандемијата го покажа спротивното. И тоа како може да се функционира дигитално. Јавната администрација е подготвена, но не сум сигурен за останатите чинители во општеството и зошто одбиваат да одат онлајн, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешниот прв панел во рамки на 10. Самит на Македонија 2025.

Според Битиќи, дигитализацијата ќе биде една од капиталните инвестиции проектирани во Буџетот, а бенефитите допрва ќе се почувствуваат.

Земјава, потенцира Битиќи, ќе биде пионер – прва во Југоисточна Европа, па и во Европа, во однос на воведувањето асистенти за вештачка интелигенција.

– Одлучивме дека за мала земја како нашата повеќе од потребно е да се има визија за најмалку 20 години и во таа насока ги креираме мерките. Креираме всушност такви мерки, минимум среднорочни зашто ниту еден процес, посебно не дигитализацијата во јавниот сектор, кај бизнисот и граѓаните, не треба да биде краткорочно решение, истакна Битиќи.

Со самото тоа што на првиот панел од Самитот се зборува за дигитализацијата, посочи Битиќи, се покажува дека конечно сериозно ја сфаќаме потребата од овој процес за општеството.

Тој кажа дека во Министерството за информатичко општество и администрација се планирани 20 милиони евра за дигитализација.

Свесни сме дека дигитализацијата ќе придонесе за зголемување на транспарентноста, кредибилноста и демократијата што е клучно за бизнисите и инвеститорите. Целта на дигитализацијата е да се зголеми ефикасноста и ефективноста на сервисите, но и на ресурсите со кои располагате.

Од наредната година, додаде Битиќи, институциите ќе бидат дигитално поврзани и операбилни.

На прашањето колку средства од Буџетот за 2022 се предвидени за дигитализација, Битиќи одговори со примерот на субвенционирање во земјоделството.

– Минатите 15 години, секоја година го субвенционираме земјоделството со над 100 милиони евра, но производството се намалуваше, а извозот растеше. Сме дале две милијарди евра, но за што се тие потрошени?, рече вицепремиерот, дополнувајќи дека земјава сѐ уште се занимава со основни прашање како што е проблемот со обезбедување вода за пиење.

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј се осврна на искористувањето на дигиталните вештини во процесот на образованието за време на пандемијата. Таа подвлече дека е клучно вештините кои децата ги имаат, да се пренасочат во нешто продуктивно, а не само во играње игри.

– Децата се многу повеќе онлајн, особено последнава година, но прашањето е како знаењето и вештините да се претворат во нешто друго, не само во играње игри. Проектот во кој беа опфатени школите, а низ обуки поминаа и 3.000 наставници, даде одлични резултати. Целта беше како децата да ги употребат различно вештините. Сега гледаме програми за рециклирање, инкубатори, земјоделство. Тоа е одличен резултат. Учењето се преточи во знаење и креативно размислување, нагласи Галовеј.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе