Во меѓувреме во Русија

Бизарни ММА борби: Како изгледа борбата меѓу маж тежок 240 kg и противничка од 60 kg?

Во ММА натпревар организиран од рускиот Epic Fight Championship се соочија Григориј Чистјаков, тежок 240 килограми и Александра Степакова, која тежи околу 60 килограми. Во поголем дел од борбата очекувано доминираше Чистјаков, додека неговата противничка мака мачеше да остане во борбата, примајќи низа силни удари.

Степакова настојуваше да ги избегне серијата удари од нејзиниот противник потежок од неа 180 килограми. Во неколку наврати ја спаси судијата. Во еден момент беше удрена во грбот од присутни во публиката, но бизарната борба продолжи.

Степакова издржа три рунди и успеа да упати неколку добри удари, но победата му припадна на Чистјаков, по одлука на судиите.

ММА обожавателите се згрозени на социјалните мрежи.

„Рускиот ММА никогаш не престанува да шокира. Бизарно на секое ниво“, „Се борат против жена?“. „Што се случува со ММА во Русија?“, се дел од коментарите по оваа бизарна борба, која не е единствена од овој вид.

Пред неколку дена 75-годишниот Владимир Спартак и неговиот внук Биг Игибоб се бореа против 28-годишната Јулија Мишко во меч двајца против еден во кафез. Искусната Мишко издржа до крај, без потешки последици.

URL

Инаку, во 2020 година Русинката Дарина Мадзјук го нокаутира 240 kg тешкиот Григориј Чистјаков и доби богат договор за повеќе меча. Но, обидот на Степакова за победа не успеа.

URL
Тагови
реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Останати спортови

Феноменалниот Домен Превц ја освои новогодишната турнеја Четири скокалници

Read more

ИОК категоричен: Русите на ЗОИ без знаме дури и да склучат мир со Украина

Read more

Што спорт ќе се гледа на новогодишната ноќ и на 1 јануари?

Read more

Домен Превц убедливо победи во Оберсдорф

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Најлоши можни вести: Заврши сезоната за Џими Батлер

Читај повеќе

Македонија мора да ја победи Романија, потоа ќе навива за Данска

Читај повеќе
  • play_arrow

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Читај повеќе

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Читај повеќе
  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе