Бизарно: Бенд ја свири „My Heart Will Go On“ од Titanic додека трговски центар се поплавува
Песната „My Heart Will Go On“ на Селин Дион е најверојатно една од најпознатите и препознатливите во светот, и е дел од музиката за исто така популарниот филм „Titanic“.
Во една од сцените од филмот, бендот стоички не престанува да свири додека огромниот патнички брод неизбежно тоне.
Во бизарна случка во Мексико, бенд ја свири баш оваа песна додека околу нив се поплавува трговскиот центар во кој требало да настапуваат.
Во описот на видеото стои само репликата на првиот виолинист во филмот: „Господа, ми беше привилегија да свирам со вас вечерва.“