„Black Panther“ завладеа со Марвеловиот Универзум

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти FХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на најновиот член на Марвеловиот Универзум „Black Panther“.

На 15 февруари во киното Cinplexx ќе биде премиерата на осумнаесеттиот член на Марвеловиот универзум, долгоочекуваниот „Црниот Пантер„, на чии визуелни ефекти работеше и македонската компанија за анимација и визуелни ефекти FХ3Х. Според направено истражување меѓу фановите, ова е вториот исчекуван филм веднаш по „The Avengers: Infinity War“ кои ги очекуваме во мај оваа година.

„Black Panther“ е филм за суперхерои, продолжение на „Avengers: Age of Ultron“ и „Captain America: Civil War“, со кој Марвел ја отвори 2018 година во која ја прославува десетгодишнината од својата работа.

Ликот на Црниот Пантер (Т'чала) е базиран според лик од Марвеловите стрипови, а во филмот улогата ја има Чадвик Босман, а покрај него настапуваат Мајкл Б. Џордан, Лупита Нјонг, Данаи Гурира, Мартин Фримен, Анџела Басет, Форест Витакер, Летиша Рајт, Винстон Дјук и др. Во филмот, Т'чала се враќа дома како крал на Ваканда, но своето кралство го наоѓа во опасност од дологодишен непријател, во конфликт кој може да има глобални последици, и како што самиот ќе открие: „тешко е добар човек да биде крал“. Режијата е на Рајан Куглер, додека сценариото е на Џои Роберт Кол.

Според Кристијан Даниловски, ко-сопственик на FХ3Х и извршен продуцент, на овој проект работеле вкупно 105 артисти од септември до декември минатата година.

„Овој проект го работевме во соработка со Метод студиос Ванкувер и на филмот беа изработени околу 200 кадри, а како фанови на серијалот со нетрпение очекуваме да го видиме во целост. Од извршниот уредник на Фандаго, Ерик Дејвис, најпопуларната страна за купување карти за во кино, преку Twitter порака дознаваме дека „Black Panther“ ги надминал сите рекорди во продадени карти во предпремиерна продажба, и го надминал досегашниот Марвелов рекордер „Captain America: Civil War“ од 2016 година за помалку од 24 часа. Со оглед дека премиерата беше најавена со ТВ спот со музика од Кендрик Ламар и Винс Стејплс, ни музиката нема да не остави рамнодушни. За визуелните ефекти оставам да погледнете и да оцените сами„ изјави Даниловски.

Премиерата на филмот „Black Panther“ се одржа на 29 јануари во Лос Анџелес, додека со прикажување во Америка ќе започне во петок на 16 февруари. Критиките кои ги доби се одлични, со пофалби за режијата, костимографијата, секвенците на акционите сцени, музиката, и актерската реализација, а има и оценки дека е најдобриот филм од Марвеловиот Универзум досега. Всушност, овој е суперхерој филм со најдобрите критики на сајтот Rotten Tomatoes досега, надминувајќи го „The Incredibles“ од 2004 година, кој беше досегашниот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе