Милвоки Бакс го доби синоќешниот натпревар со Лос Анџелес Клиперс со 105:100, откако нивниот најдобар играч Јанис Адетокунбо направи пресврт постигнувајќи 17 од последните 22 поени на неговиот тим.
Освен што беше одличен во напаѓачкиот дел од играта, па натпреварот го заврши со 36 поени, 14 скока и пет асистенции, тој беше одличен и во одбраната.
Ова го потврдуваат четирите блокади, вклучително и онаа што го запре обидот за забивање на Ивица Зубац.
Хрватскиот центар одигра незабележителна игра, со ефикасност од два коша, скок и загубена топка. Тој погоди еден од трите обиди од игра, меѓу другото и поради оваа блокада, која многумина веќе ја нарекуваат еден од најдобрите дефанзивни потези во тековната сезона во НБА.