BMW го претстави новиот концепт со кој прикажува како го замислува градскиот превоз во 2040 година.
Наречен е i Vision Circular, компактен EV со 4 седишта кој има необичен и футуристички дизајн. Сепак, фокусот е на одржливоста, а не на дизајнот.
Целиот автомобил е направен од материјали кои може да се рециклираат, а на крајот на својот животен век може повторно да се употребуваат.
Металните компоненти треба да бидат изработени од рециклиран алуминиум и челик, а цврстата батерија исто така е произведена од рециклирани материјали.
Погледнете го видеото: