BMW го претстави електричниот модел i4 кој е подготвен за производство.
Финалниот производ пристигна околу година дена по претставување на концептот и се приклучи на електричната понуда на BMW која ја сочинуваат iX3, iX SUV и хетчбекот i3.
Продукциската верзија изгледа скоро идентично како Concept i4 што се и очекуваше бидејќи концептот беше прототип на верзијата која наскоро ќе почне да се произведува.
Задните врати со редизајнирани рачки не само што го менуваат изгледот на автомобилот туку и ја унапредуваат аеродинамиката.
Повеќето детали сè уште не се познати, но се знае дека i4 ќе развива до 523 коњски сили, а од 0 до 100 км/ч ќе забрзува за околу 4 секунди.
Наскоро се очекуваат нови детали како и фотографии од внатрешноста.