Бочварски: Бараме предлози како да го подобриме законот за дивоградби

Уставната можност што ја искористи претседателот да не го потпише законот за легализација на дивоградби е уште една шанса заедно да издискутираме со јавноста, пратениците, експертите... да најдеме решение со цел да им помогнеме на граѓаните. Како Влада бараме предлози како да го подобриме ова законско решение, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Законот, нагласи, секако дека не идеален, има и слабости, има и добри страни со коишто ќе помогнеме, но ние сме овде и мораме да бараме решенија.

– Сѐ останато е неприфатливо за државата да замижуваме пред проблемите и да ги ставаме под тепих или најлошо од се, да оставиме статус кво и проблемите да стојат, никој да не се грижи за тоа, а впрочем граѓаните не бирале за да бараме решение на проблемите, рече Бочварски, на новинарско прашање, откако се вакцинираше против COVID-19 на вакциналниот пункт во Штип.

Бројот од околу 50.000 дивоградби што според првичните проценки треба да бидат опфатени со овој закон го утврдиле од комуникацијата со општините, коишто, посочи, имаат одредени сознанија и информации и во однос и на претходниот закон колку барања за легалзаиција се одбиени, колку се во процес на работа. – Така што, од тој аспект, градови или општини како Штип, Струмица, Велес, со средна големина, имаат по две до три илјади објекти, според нивните проценки, коишто немаат решен правен статус. Тоа се во најголем дел од објекти на наши сограѓани кои успеале да изградат кров над глава за себе и за своите семејства и токму поради тоа Владата овде е прва одговорна заедно со Собранието да бараме решение и начини да ги решеваме проблемите, а не да ги ставаме под тепих. Поради тоа ова прашање, овој закон е поднесен во Собранието уште во 2019 година, доста долго време во јавнота е отворено, дискутиравме и се донесе во дискусија и со пратениците и пратеничките групи, изјави Бочварски.

Прашан дали со неопфаќањето на Охрид, Дебарца и Струга со овој закон се прави дискриминација и поради тие причини може да падне на Уставен суд, Бочварски укажа дека за овој регион заштитен од УНЕСКО има правила што треба да ги почитуваат сите, како и План за управување што прави разлика во однос на останатите градови што имаат само детални и генерални урбанистички планови.

– Таму дополнително во тој регион има и план за управување којшто не секогаш се поклопува со деталните урбанистички планови, така што од тој аспект правиме дистинкција во однос на тоа дали одреден објект во тој регион би имал штетно влијание врз животната средина и токму поради тоа имаме и посебен член во овој закон сакајќи да го заштитиме Охридскиот регион и културното и природното наследство на државата, изјави Бочварски.

Според него, граѓаните, субјектите, институциите… имаат право да поднесат барање за оспорување и за оценка на уставноста на законот во тој дел, но од тој аспект смета дека ова е правилно решение за да се заштити регионот под УНЕСКО и таа одредба во законот воопшто не е спорна.

Прашан како ќе се превенира да нема носење вакви закони за легализација на нелегално изградени објекти, пред се, во делот на забразување на процедурите за носење на Детални урбанистички планови (ДУП) и Генерални урбанистички планови (ГУП) за општините и зголемување на бројот на градежните инкпектори во општините, коишто во источниот регион за 12 општини не можат ниту да се избројат на една рака, Бочварски со одговор дека ова е суштинско прашање, како треба да се бориме против нелегалните објекти.

– Тоа и го правиме во изминатиот период со покачување на платите на градежните инспектори. Ние и продолжуваме и понатаму со целиот оној пристисок за јакнење на инспекциските служби. Тоа е многу значајно за државата. Тоа е првиот фронт на борба против нелегалната градба, рече Бочварски.

Посочи дека во новиот Закон за легализација на диовоградби внесени се и казнени пенали за граѓаните, кои нелегално граделе.

– Тоа значи дека ако комуналиите во Општина Штип се 50 евра, секој оној што легализира ваков објект ќе треба да плати 75 евра по метар квадратен со цел неговиот објект влезе во правна рамка доколку ги исполнува и сите останати критериуми и услови, за разлика од претходниот Закон, кој беше едно евро за м² и ова е вториот аспект и секако Законот за урбанистичко планирање, што веќе е донесен, Правилникот за урбанистичко планирање, кој е веќе донесен. Ние покажуваме со транспарентни постапки и процеси правиме сериозен фронт и борба против ваквиот тип на градба, вели Бочварски.

Но, какошто рече во моментов мора да се соочиме дека на терен и во општините такви објекти постојат

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе