Боксерски кардио тренинг
Кардио вежбите може да ги правите на кое било место, во кое било време, за нив не ви е потребна теретана. Меѓутоа, вашата класична кардио рутина може да ви здодеее по некое време.
Затоа е добро да имате алтернативни кардио тренинзи со кои ќе ја разбиете монотонијата. Боксерите имаат интензивни кардио тренинзи што се одлични за секој кој спортува рекреативно, а ова видео ги покажува движењата што може да ги позајмите од боксерите и да ги примените во вашиот тренинг, во теретана или дома.