УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Борусија во Мадрид драстично ослабена - допатува без најдобриот стрелец

Фудбалерите на Борусија од Дортмунд ќе бидат ослабени во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико, бидејќи името на најдобриот стрелец на клубот, Дониел Мален, не се најде на списокот на патници за Мадрид.

„За жал, тој нема да биде со нас“, изјави спортскиот директор на Борусија, Зебастиан Кел денеска пред тимот да замине за Мадрид, каде в среда ќе се одигра првиот четвртфинален натпревар.

Поради повреда на мускулот Мален ги пропушти последните два натпревара во Бундеслигата, против Баерн и Штутгарт. Мален се израмни на првото место меѓу стрелците на тимот од Дортмунд оваа сезона со Никлас Филкруг. Двајцата досега постигнаа по 13 голови. Од тие 13, 25-годишниот репрезентативец на Холандија има 11 во Бундеслигата и по 1 во Лигата на шампионите и ДФБ купот. Има и 5 асистенции.

URL

Борусија ќе се обиде да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите за првпат по сезоната 2012/2013, кога тимот стигна и до финалето каде беше поразен од Баерн.

„Со нетрпение ја очекуваме таа задача“, додаде Кел.

Натпреварот Атлетико - Борусија се игра утре од 21 часот на „Метрополитано“ стадионот во Мадрид под силно полициско обезбедување по заканите за терористички напади од страна на ИСИС.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе