Ингрид Оливеира важи за една од најсексапилните спортистки на олимпијадата во Рио, а годинава ќе остане запаметена по наводниот секс скандал поради кој остана без медал.
20-годишната Ингрид наводно имала маратонски секс со кануистот Педро Гонцалвес во нејзината соба во Олимпиското село ноќ пред скокот со колешката од тимот на Бразил, пишува Daily Mail. Таа била изморена од активностите во креветот и потфрлила на настапот во Игрите, разочарувајќи ги сите. Ингрид ја замолила колешката од тимот да ѝ ја ослободи собата и да преспие пред вратa.
Јужноамериканските медиуми пишуваат дека маратонскиот секс ја налутил колешката на Ингрид, 17-годишната Џована Педросо и дека се скарале. Оливеира и Педросо завршија на последно место на 10 метри синхронизирано нуркање минатата недела, и покрај тоа што на игрите во Торонто минатата година освоија сребро.
Педросо за бразилскиот O Globo изјавила:
„Караницата започна на тренинг бидејќи јас сакав да скокам, а таа сакаше нешто друго. Разговарав со тренерот, по олимпијадата ќе се фокусирам на индивидуално скокање. Така ќе имам можност да се подобрам и усовршам“.
Оливеира изјави слично:
„Се скаравме и не зборувавме. Ќе ги оставиме разликите зад нас и од денес нека да скокаме синхронизирано заедно“.
Во мај претходно беше објавено дека ќе бидат поделени 450.000 кондоми на спортистите во Рио, три пати повеќе од Игрите во Лондон пред 4 години. Тоа значи дека на секој спортист му следуваат по 43 кондоми.