Загрепската панк фолк велнес група „Brkovi“ приреди незаборавна забава во петокот вечерта во Младинскиот културен центар во Скопје.

„Brkovi“, кои во моментов важат за најголема балканска концертна атракција, ја наполнија Денсинг салата во МКЦ и на публиката и приредија двочасовно музичко уживање.
Со неколку наврата беа запалени и бакљи, по што хрватскиот бенд замоли на поголемо внимание бидејќи сепак концертит се одржуваше во затворен простор.
@lychnidium #brkovi #MKC #МКЦ #balkanmusic ♬ original sound - Seoski Vidal
„Brkovi“ во МКЦ го промовираа новиот албум „Krvava novčanica“, од кој изведоа неколку нови песни, а остатокот од репертоарот го сочинуваа најзначајните песни од сите периоди на нивното постоење.