ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2023

Брозовиќ ја одби Барселона

Изминативе неколку дена на големо се пишуваше дека хрватскиот репрезентативец е главна трансфер цел на каталонскиот клуб во зимскиот преоден рок.

Шпанските и италијанските медиуми шпекулираа дека Барселона е подготвена на Интер да му понуди трампа во која 26-годишниот Франк Кесие би го донела назад во Милано (во Барса дојде од Милан), а 30-годишниот Брозовиќ на „Камп Ноу“.

Сепак, денеска се огласи агентот на Марцело Брозовиќ кој откри дека неговиот клиент нема намера да си замине од Милано.

„Марцело останува во Интер бидејќи го сака тој клуб“, кратко изјави агентот на Хрватот за италијанските медиуми.

По ваквата изјава јасно е дека до трампата нема да дојде. Шпанските медиуми наведуваат дека наводно Чави Ернандес, тренерот на Барса, бил тој што инсистирал Брозовиќ да дојде во Каталонија, бидејќи со својата борбена игра и неуморливост одлично би се вклопил во неговата тактика.

Интер со трампата ќе добиеше 4 години помлад играч, но и играч кој според квалитетот не е на нивото на Хрватот. Кесие наводно сакал да се врати во Серија А, но синоќа и извршниот директор на Интер, Бепе Марота, категорично демантираше дерка „Нераѕурите“ сакаат таква размена. Така, Кесие евентуалното враќање на Чизмата ќе треба да го направи во друг тим, а Чави да си бара друго засилување.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска во Барса е од летоска кога како слободен играч премина од редовите на Милан, но не се снајде во Ла Лига каде учествуваше на само 8 натпревари, од кои само на 3 беше стартер.

Брозовиќ во Серија А сезонава има само два настапа повеќе од Кесие, но тој отсуствуваше поради повреда. Инаку е стандарден првотимец.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе