Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски синоќа ја заврши сезоната. Голгетерот на шкотски Абердин беше жртва на брутален старт на 18-годишниот Тиери Смол, во 30-тата минута од дуелот против Сент Мирен.

И покрај бруталноста на стартот на Смол, на шкотскиот судија му беше поотребен ВАР за да му даде директен цфрвен картон.
Абердин и Миовски се огласија по натпреварот. Добра вест е дека нема никаква скршеница, а магнетната резонанца ќе покаже колкав е степенот на повредата на лигаментите.
„За жал, предвреме ја завршив сезоната со повреда на зглобот, добрата вест е дека нема скршеница, утре ќе имам дополнителни прегледи на лигаментите. Ви благодарам на сите за пораките, ќе се вратам посилен“, порача Миовски на Instagram.
Повредата ќе му донесе главоболки на селекторот Благоја Миовски бидејќи многу веројатно дека Миовски нема да биде во конкуренција за јунските ЕУРО 2024 квалификации. Македонија на 16 јуни прво игра дома со Украина, а три дена подоцна ѝ гостува на Англија на „Олд Трафорд“.
Неговиот клуб Абердин со синоќешната победа си обезбеди излез во Европа - ќе игра во квалификациите за пласман во Европа конференциската лига.