ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Буфон делумно го обвини Манчини за мундијалскиот неуспех на Италија

Џанлуиџи Буфон имаше желба да биде дел од Мундијалот во Катар и одложувањето на пензијата сите го поврзуваа со овој светски собир. Сега, откако е јасно дека Италија нема да учествува, тој ги сподели своите мисли.

„Меритократијата е на моја страна, но не мислам дека ќе бев повикан. Има други работи кои имата предност и тоа мора да се почитува. Со иглед на изборот правен минативе години, тоа е правилно“, вели Буфон за La Stampa.

Популарниот Џиџи се повлече од репрезентацијата по неуспехот да се квалификува на претходниот Мундијал 2018 во Русија, но гаеше надежи дека ќе се врати во Катар, макар и како трет голман.

Тој има своја теорија за тоа што ѝ се случи на Италија, а почетокот на падот го лоцира на Мундијалот 2010 во Јужна Африка каде како актуелен шампион испадна во групата завршувајќи последна. 

„Кога Словачка нѐ исфрли од Мундијалот во 2010 ми стана јасно дека работите се менуваат и дека требаше да славиме само дека сме се квалификувале. Оттогаш гаевме илузии, имавме моменти на слава како на Европските (2012 играа финале, 2020 го освоија), но не бев во право. Ние сме посебни, знаеме како да се држиме заедно во тешки моменти. Но, кога не сме супер-мотивирани, тогаш можеме да изгубиме од било кој“, додава.

Роберто Мначини седна на клупата по отказот на Џан Пјеро Вентура по фијаското за Русија 2018. Замина на ЕУРО, го освои, па го меркаше Мундијалот, а потоа прво се случи да го испушти првото место во квалификациската група, а потоа и пораз во баражот од Македонија среде Палермо.

„Манчини беше главниот архитект за нашата преобразба, со победата на ЕУРО. Но, тој исто така има одговорност за големиот удар кој сега се случи. Постојат многу начини да се доживее елиминација. Никој немаше да каже ништо доколку Италија испаднеше на пенали од Португалија, по после пораз од Македонија е многу потешко да се тргне од почеток“, заврши тој.

Буфон сега настапува за второлигашот Парма и со оглед на неучеството на Италија на претстојниот Мундијал сѐ погласни се гласините дека Буфон ќе замине во заслужена пензија. 

реклама
Меркел: Би сакала да водам ток-шоу и да бидам канцеларка

Меркел: Би сакала да водам ток-шоу и да бидам канцеларка

Read more
Пуч во Зимбабве: Мугабе во домашен притвор по 37 години на власт

Пуч во Зимбабве: Мугабе во домашен притвор по 37 години на власт

Read more
Air New Zealand повеќе не е најдобрата авиокомпанија во светот

Air New Zealand повеќе не е најдобрата авиокомпанија во светот

Read more
Во девет сообраќајки во Скопје повредени 11 лица

Во девет сообраќајки во Скопје повредени 11 лица

Read more

Фудбал

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Read more

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Read more

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more
 

Спорт

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Читај повеќе

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Читај повеќе

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе