ОН: Цените на храната во светот го достигнаа максималното ниво од 2014 година

Цените на основните прехранбени производи во светот растеле осум месеци по ред заклучно со јануари 2021 година, достигнувајќи го максималното ниво споредено со јули 2014 година, соопшти Организацијата за храна и земјоделие на ОН (ФАО).

Најмногу поскапеле житариците, растителното масло и шеќерот. 

– Денеска е објавен Индексот на цените на храната на ФАО кој дава месечен увид на промените на цените на основните прехранбени производи. Неговата средна вредност во јануари беше на нивото од 113,3 или 4,3 отсто повеќе од она во декември 2020 година, достигнуваjќи максимално ниво од јули 2014 година, се вели во соопштението. 

Индексот на житариците растел 7,1 отсто месечно. Цената на пченката поранала 11,2 отсто и сега е за 42,3 отсто поскапа споредено со јануари 2020 година „поради недоволните испораки и огромната побарувачка од Кина, како и намаленото производство во САД, и привременото запирање на извоз на пченка од Аргентина“.  

Цената на пченицата пак пораснала 6,8 отсто, поради зголемената глобална побарувачка и очекувањата за намалени продажби од страна на Русија, кога се очекува нејзиниот извоз на пченица да се удвои во март 2021 година. 

Извештајот наведува дека огромната побарувачка од купувачите во Азија и Африка ја зголемила цената на оризот. 

Индексот на цените на растителното масло во јануари пораснал 5,8 отсто, највисоко споредено со мај 2012 година, додека шеќерот поскапел 8,1 отсто, а млечните производи 1,6 отсто, додека месото 1 отсто.

реклама

Свет

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more
 

Вести

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе