Центарци за пет месеци рециклирале 100.000 пластични шишиња и лименки

Заклучно со 27 април во рамките на проектот „И отпадот има вредност!“ рециклирани се 100.000 PET пластични шишиња и лименки преку повратните вендинг машини на ЈП ПОЦ и Општина Центар кои веќе пет месеци собираат амбалажи кои одат на понатамошна обработка, а жителите за тоа добиваат субвенции од Општина Центар на нивната Green Pay картичка.

„Интересот на граѓаните за користење на повратните вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки е навистина голем. Оваа бројка од 100.000 рециклирани амбалажи е сигнал до нас дека жителите ја прифатија оваа идеја што ни дава мотив да продолжиме да инвестираме во овој проект за да создадеме модерна општина по пример на светските трендови“, изјави Васко Кичевски, директор на ЈП Паркинзи на Општина Центар.

На територија на Општина Центар досега има 8 машини за рециклирање кои се поставени пред бараките на Општина Центар, кај слаткарница „Апче“, кај монтажната гаража „Буњаковец“, во затвореното паркиралиште „Дом на градежници“, во затвореното паркиралиште „Зелен пазар“, во подрумот на ГТЦ, кај затвореното паркиралиште „Дилајла“ и на аголот спроти Министерство за економија во Капиштец, a до крајот на годината ќе бидат поставени вкупно 27 машини.

„Среќен сум што жителите на Центар ги препознаваат нашите напори и активно се вклучуваат во создавање на поубава животна средина за сите. Ова ни дава елан како локална самоуправа и понатаму да вложуваме во напредни решенија за нашата општина“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Општина Центар е прва општина во регионот која одлучи на уникатен начин да ја развие еколошката свест на граѓаните и да им овозможи да учествуваат во правилно справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки со цел да придонесат во намалувањето на количината на отпадот кој завршува во депониите.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Македонија

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе