Челзи ризикува да остане без стадион, тренер и најдобриот играч

Раководството на Челзи никогаш не покажувало знаци на целосна стабилност, но овојпат изгледа конфузно, збунето и неорганизирано. Клубот уште не може да одлучи дали да го задржи Антонио Конте, но тоа не е најголемиот проблем во нивните раце.

Поранешниот извршен директор на Челзи, Тревор Бирч, ја истакна неговата загриженост за сето она што се случува со клубот во последната година.

Додека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, пробува да си ја обнови британската виза, тој ја стопираше изградбата на новиот стадион и го стави под знак прашалник новиот дом на клубот, кој треба да има 60.000 седишта, 20.000 повеќе од досегашниот капацитет на нивниот стадион.

Како тоа да не беше доволно, тие ризикуваат да го загубат Конте без притоа да најдат кандидат за негова замена. До минатата недела се шпекулираше името на Маурицио Сари, но сега и тие гласини се стишија. Макс Алегри веќе одби да се пресели во Англија, додека Челзи не е подготвен да му ја понуди на Луис Енрике платата која Шпанецот ја бара. Поради сите овие проблеми Тревор Бирч смета дека интегритетот на Челзи е загрозен, а тоа би можело да резултира и во заминување на нивниот најдобар играч.

„Навивачите на Челзи сега ризикуваат да останат без стадион, без тренер и без нивниот најдобар играч. Верувам дека Еден Хазард ќе побара трансфер во Реал Мадрид“, вели Бирч.

Гласините за евентуалниот премин на Хазард во Реал Мадрид траат веќе неколку години, а секоја година се зголемува шансата тој навистина да го облече дресот на „кралскиот клуб“. Доколку Кристијано Роналдо го напушти клубот, тогаш Еден Хазард ќе биде прва мета на актуелниот европски шампион.

„Ова е многу вреден клуб, разбирам зошто Абрамович сака да го задржи. Но, за да ја задржи вредноста мора и да инвестира во нови играчи – а оваа сезона не го направи тоа правилно“, додава Бирч.

Челзи наредната сезона нема да игра во Лигата на шампионите, туку во Европа лигата, па може да се очекува некои од главните ѕвезди да го напуштат клубот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе