Четири грешки што го уништуваат изгледот на дневната соба

Дневната соба е срцето на секој дом и просторијата во која поминуваме најмногу време, така што повеќето луѓе најмногу инвестираат во ова катче.

Има многу начини и украсни детали со кои можете да го направите овој простор поубав, но еве што велат дизајнерите на ентериер за тоа што никогаш не треба да зафаќа место во вашата дневна соба.

Лусијана Фраџели, дизајнерка на ентериер од Мајами, која се занимава со овој бизнис веќе 15 години, за Business Insider откри четири грешки поради кои вашата дневна соба не изгледа модерно и кои ја нарушуваат нејзината удобност и привлечност.

Голи подови

„Килимот ја менува фокусната точка на собата и додава визуелен допир што го прави просторот потопол и поудобен“, вели Фраџели.

Таа додаде дека подот, без разлика дали е паркет или ламинат, е повеќе склон на оштетување кога не е заштитен со теписи и дека теписите прават просторот да изгледа попривлечен.

Вертикални ролетни и венецијански ролетни

Ова не е пожелна опција, тврди Фраџели.

„Јас лично никогаш не ја разбрав нивната употреба. Не само што не се естетски пријатни, туку не успеваат доволно да ја осветлат дневната соба и да го извлечат максимумот од дневната светлина“, вели таа.

Наместо тоа, таа препорачува класични ролетни, а моделот треба да го координирате со дизајнот на дневната соба.

Празните полици за книги се излишни

Полиците за книги се омилена работа на многу дизајнери на ентериер, открива Фраџели, но тврди дека никогаш не треба да бидат празни. Дури и една празна полица остава погрешен впечаток на гостите и имплицира дека ви недостасува инспирација и креативност.

Заборавете на постери и налепници со мотивациони пораки

Лусијана Фраџели тврди дека постерите и печатените налепници со мотивациони пораки можат да направат вашиот простор да изгледа незрело и неоригинално.

Како дизајнерка, таа вели дека ја излудуваат оние натписи „Live, Love, Laugh“ што се продаваат на секој агол. Фраџели советува наместо тоа да ја декорирате вашата дневна соба со поп-арт или со концептуални уметнички дела.

Дизајнерката на ентериер исто така советува да се ослободите од вештачките цвеќиња и зеленило, како и имитации на овошје. Демоде се и препарираните животни, изложеното оружје како експонат и вистинското крзно.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Живот

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Оваа сабота во „Јавна соба“: базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки

Read more

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Read more
 

Магазин

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Читај повеќе

Оваа сабота во „Јавна соба“: базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки

Читај повеќе