Четири навики во исхраната можат да помогнат да се изгубат и до 5 кг

Секогаш е мотивирачки кога ќе видите поединец кој успеал да изгуби многу килограми. Сепак, таков успех не може да се постигне преку ноќ. Потребна е голема пожртвуваност за да се постигне целта. Меѓутоа, со постепено менување на навиките, можно е да се видат резултати дури и по само еден месец.

Ако сакате да изгубите килограми на долг рок, најважно е да почнете да ги менувате вашите навики во исхраната. Најдобар начин е постепено да ги менувате навиките, за вашето тело полесно да се прилагоди.

Нутриционистката и авторка на книгата „Finally Full, Finally Slim“ Лиса Јанг сподели четири ефективни совети за исхрана доколку сакате да изгубите килограми и да стекнете навики за поздрав начин на живот.

Јадете многу зеленчук

Нутриционистката Јанг наведува дека консумирањето зеленчук создава чувство на ситост, а во исто време тоа е храна која има низок удел на калории. Покрај тоа, богата е со влакна кои помагаат при слабеење, а содржат и витамини, минерали и антиоксиданси кои се корисни за човековиот организам.

Воспоставете калориски дефицит

Понекогаш не е доволно само да се храниме здраво. Воспоставувањето на калориски дефицит е всушност најважниот сегмент во слабеењето бидејќи многу здрава храна како што се јаткастите плодови може да има висока калориска вредност. Сепак, Јанг наведува дека не треба драстично да го намалувате внесот на калории, туку да додадете дополнителна физичка активност за да согорите одреден број калории.

Изберете посни протеини во вашите оброци

Нашето тело има потреба од протеини секој ден бидејќи тие помагаат да се изгради и одржува мускулната маса. Сепак, за слабеење треба да изберете протеини со помал процент на масти, како што е рибата.

Намалете ги јаглехидратите

Според нутриционистката Јанг, помалата потрошувачка на јаглехидрати помага при слабеење бидејќи е извор на енергија, а кога не е достапна, телото користи складирани масти, што доведува до губење маснотии. Освен тоа, помалиот внес на јаглехидрати го зголемува чувство на ситост бидејќи го намалува гладот ​​и желбата за нездрава храна.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе