Чистокрвна тркачка ѕверка: BMW го претстави новиот M4 GT4

За BMW, 2022 година е полна со настани и посебна поради прославата на 50-годишнината од М одделот. Одделот за мотоспорт е многу активен и по објавувањето на прототипот на Le Mans Dayton, сега го претстави и новиот M4 GT4.

Тоа е втората генерација на M4 GT4, трет автомобил кој ги презеде лесниот покрив и задното крило од помоќниот M4 GT3.

Болидот е наменет исклучиво за на патека и изгледа брзо дури и кога стои благодарение на аеродинамичниот пакет кој се состои од огромен преден сплитер, предни крила, масивни прагови покрај претходно споменатото задно крило. Внатрешноста е соголена, па во споредба со овој автомобил, CSL за на патишта изгледа „цивилизирано“.

Иако е „чистокрвен“ тркачки автомобил, новиот M4 GT4 има и некои неочекувани карактеристики, вклучително климатизација, загревање на ветробранското стакло и вентилирани седишта Recaro. Сето ова е дел од стандардната опрема.

За изработка на поединечните компоненти на надворешноста и внатрешноста се користени природни влакна, а не треба да се заборави и воланот со осветлени контроли произведени од компанијата Fanatec, специјализирана за хардвер наменет за тркачки симулации.

Во зависност од прописите, линијата шест може да испорача до 550 КС и 650 Nm вртежен момент, а силата на моторот се пренесува на задната оска преку седумстепен автоматски менувач ZF и диференцијал со ограничено лизгање.

M4 GT4 може да се конфигурира по потреба и доаѓа со систем за контрола на тракцијата, прилагодливи пружини H&R и попречен стабилизатор.

Производството на BMW M4 GT4 започнува во октомври, ќе биде компатибилен со сите тркачки серии GT4 во светот, а ќе чини 187.000 евра. За споредба, M4 GT3 се продава за 415.000 евра.

Два модела М4 се позиционирани помеѓу почетниот M2 CS Racing и прототипот LMDh што го нуди BMW Motorsport.

реклама

Авто новости

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more
 

Автомобили

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе