Човек, помогни ми со мачево
Оваа мама мачка носејќи го своето маче в уста трчала кон двајца луѓе. Го провериле нејзиното маче и откриле дека телото му е ладно. Го однеле на ветеринар на итно лекување. Во меѓувреме, мачката отишла и донела уште едно маче. За среќа, здравјето на ова маче било добро. Набргу, мачката побегнала, но откако ја следеле, не можеле да ја најдат во околните улици. По долго пребарување, повторно ја забележале. Ги одвела кај друго маче кое исто така било болно. И ова маче го однеле на ветеринар. Подоцна, мачката донела четврто маче. Конечно, сите биле спасени и донесени дома, со сите мачиња во добро здравје по третманот, како и изгладнетата мама мачка.