Чувар го задеваше лавот и остана без прст

На животните во зоолошките градини им е доволно тешко бидејќи немаат слобода, па недостасува уште некој да се „шегува“ со нив, а изгледа на некои од нив не им се седи мирно додека им се случува такво нешто.

На интернет кружи вознемирувачко видео на кое се гледа како лав одговара на „провокациите“ на чувар од зоолошката градина од Јамајка и му го откинува прстот.

Имено, чуварот ја турнал раката во металниот кафез, провоцирајќи го животното, а на видеото се гледа како ги допира забите и го штипка по образите. Лавот, кој во еден момент очигледно се уморил од „играњето“ со него, го зграпчува за рака чуварот, кој веднаш вреснува.

Следните неколку секунди чуварот се турка со сите сили за да се обиде да ја извади раката од вилицата на животното, а зад него има посетители кои го снимаат целиот настан.

Видеото се појави на YouTube каналот наречен Jamaica Observer и веќе е прегледано десетици илјади пати, а под него гледачите се прашуваат зошто чуварот воопшто решил да пика рака каде што не треба.

Remote video URL

„Заклучувањето на животните само за луѓето да можат да гледаат и да се забавуваат е доволно лошо, а исмевањето на животните без причина е повеќе од сурово. Лавот овде е вистинската жртва“, се вели во еден коментар.

Друг напиша: „Не знам што повеќе ми пречи - фактот што тој продолжува да си игра со лавот приближувајќи ја раката до устата или фактот дека тие луѓе стоеја совршено мирно и го снимија целиот настан“.

Од управата на оваа зоолошката градина се огласија соопштувајќи дека се работи за „несреќа што никогаш не требала да се случи“.

„Постапките што ги покажа вработениот во зоолошката градина на Јамајка се трагични и не претставуваат политика што треба постојано да се следи во овој објект. Во моментов го прегледуваме видеото за да спречиме ова да се повтори. Тоа беше немил настан што никогаш не требаше да се случи. Се надеваме дека ќе продолжите да нѐ поддржувате“, напишаа тие.

реклама

Чек дис аут

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Read more
 

Магазин

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе